Свет ИД ја урна Триумфалната капија во Палмира

ИД ја урна Триумфалната капија во Палмира

Милитантите на Исламска држава ја урнале Триумфална капија, еден од најзначајните споменици во древниот сириски град Палмира, соопшти шефот за сириското национално богатство, Маамоун Абделкарим.

Џихадистите претходно во овој сириски град уништија храм посветен на Баал Шамин, храмот Бел, стар 2.000 години. Силите на ИД ја контролираат Палмира од мај годинава, кога ги протераа владините сили, а потоа ги минираа спомениците и најубавите храмови.

Милитантите на ИД ги сметаат спомениците за „сквернавење“.

Градот Палмира, вклучувајќи ги и четирите гробници надвор од градските ѕидини, е запишан во листата на УНЕСКО на светско културно наследство во Азија.

Припадниците на ИД, освен во Сирија, уништиле статуи, светилишта и ракописи и во ирачкиот град Мосул и во дрвниот асириски град Нимруд.