Свет ИД ја презеде одговорноста за убиството на полицаец во Алжир

ИД ја презеде одговорноста за убиството на полицаец во Алжир

Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на алжирскиот полицаец, кој бил убиен додека вечерал во ресторан.

Екстремистите, наводно, во петокот убиле полицаец и му го зеле оружјето во градот Константин, 400 километри источно до главниот град Алжир, јави исламистичката агенција „Амак“.

Милитантите објавија слики од оружјето што го одзеле од полицаецот.

Алжирските власти потврдиле дека „непозната терористичка група“ го убила полицаецот, но не објавија повеќе детали.

ИД се обидува да се прошири и во Алжир, земја во чиј северен дел разгранок имаат Ал каеда и други екстремистички организации, кои долго се бореа против алжирските власти.