Свет ИД ја презеде одговорноста за нападот во Либија

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Либија

Милитантна организација во Источна Либија, поврзана со Исламска држава, ја презеде одговорноста за терористичките напади во кои вчеравечер загинаа најмалку 60 либиски полицајци.

Групата која се нарекува Исламска држава во провинцијата Барка, на „Твитер“ напиша дека Абу ал-Абас ал-Мухаџир го активирал експлозивот во камионот што влегувал во база на граничната полицијата во Либија.

Во напад на полицискиот камп во градот Зилтен, убиени се најмалку 60, а ранети се околу 200 полицајци.