Свет ИД го зазеде Рамади

ИД го зазеде Рамади

Околу 500 цивили и ирачки војници загинаа во изминатите неколку дена, додека се водеа жестоките борби за контрола над градот Рамади, кој синоќа падна во рацете на џихадистите на Исламска држава, соопшти портпаролот на ирачката провинција, Анбар Муханах Хајмур.

Тој соопшти дека околу 8.000 лица го напуштиле градот по првиот егзодус во април, кога, според официјалните податоци, Рамади и околните села, поради жестоките борби, ги напуштиле дури 114.000 лица од вкупно половина милион граѓани.

Локалните претставници тврдат дека џихадистите од ИД во Рамади извршиле масовно убиство на ирачки војници и на цивили.

ИД вчера го зазеде Рамади, престолнината на ирачката покраина Анбар, терајќи ги ирачките власти да се повлечат, без разлика што американските власти извршија воздушни напади на положбите на џихадистите.