Свет ИД го зазеде и последниот граничен премин на Сирија

ИД го зазеде и последниот граничен премин на Сирија

Џихадистите од Исламска држава го зазедоа последниот граничен премин меѓу Сирија и Ирак што го контролираше сириската влада, соопшти активистичката организација Сириски набљудувачи за човекови права.

Владините сили, според податоците на организацијата, се повлекле од преминот Ал-Танф.

ИД контролира повеќе од 95.000 квадратни километри од Сирија, што е 50 отсто од територијата на земјата.