Свет Европа ИД ги објави последните зборови на напаѓачите од Париз

ИД ги објави последните зборови на напаѓачите од Париз

Џихадистичката организација Исламска држава синоќа објави видеоснимка со последните зборови на деветте напаѓачи од минатогодишните терористичките напади во Париз, во кои загинаа 130 лица.

Засега не е потврдена автентичноста на снимката, ниту, пак, има реакција од француските власти.

На снимката, која е објавена на веб-страницата на ИД, се прикажани дел од напаѓачите, облечени во маскирна облека, а прикажани се и кадри со убиства на заложници.