Македонија И новиот претседател на Зимбабве е под меѓународни санкции

И новиот претседател на Зимбабве е под меѓународни санкции

Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнагагва, кој утре треба да положи заклетва, се наоѓа на црната листа на САД поради активности за време на владеењето на поранешниот претседател, Роберт Мугабе.

САД воведоа санкции против Мнагагва поради „поткопување на демократските процеси или институции“, како и поради „насилство и кршење на човековите права на политичките противници“.

Идниот претседател е обвинет за насилно отстранување на противник за време на претседателските избори во 2008 година во Зимбабве.

Меѓународни санкции има и за Роберт Мугабе, за неговата сопруга Гејс, како и за стотина други претставници на поранешниот режим.