Македонија Холандскиот амбасадор ќе ги презентира приоритетите на претседателството со ЕУ

Холандскиот амбасадор ќе ги презентира приоритетите на претседателството со ЕУ

Амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции ќе ги презентира програмата и приоритетите за работа на холандското претседателство со Советот на Европската унија.

Холандија го презеде претседавањето со ЕУ на почетокот на годината, за периодот јануари­ – јуни 2016 година.