Македонија Холандски параглајдерист спасен по пад на планината Галичица

Холандски параглајдерист спасен по пад на планината Галичица

Холандскиот параглајдерист се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица

Извор на фотографија: Центар за управување со кризи

Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот крст во Охрид спасија параглајдерист од Холандија, кој попладнево паднал на планината Галичица и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Центар за управување со кризи (ЦУК).

„Поради сериозните повреди на р’бетот го имобилизираа со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер на МВР. Хеликоптерот е на пат за Скопје, каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим“, информираат од ЦУК.

Холандскиот параглајдерист се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.