Македонија Холандска фирма ќе изработи студија за исплатливост од формирање национален авиопревозник

Холандска фирма ќе изработи студија за исплатливост од формирање национален авиопревозник

Министерството за транспорт и врски склучи договор со фирмата „Интервистас консалтинг БВ“ од Холандија како најповолен економски оператор за изработка на студија за исплатливоста на можноста за формирање национален авиопревозник во Република Македонија.

Студијата треба да се изработи за четири месеци, во кои избраниот економски оператор треба во рок од 60 дена да ја изработи и заврши првата фаза од студијата. Ако студијата од првата фаза покаже исплатливост, компанијата има обврска во рок од дополнителни 60 дена да ја изработи и заврши и втората фаза од студијата.
Целта од изработката на оваа студија е да даде јасна слика што ќе покаже дали има економска исплатливост и под кои услови ќе може да се формира, односно воспостави национален авиопревозник.

Владата на Република Македонија и понатаму останува целосно посветена на реализирање на цврстата определба кон идејата за воспоставување национален авиопревозник, како и продолжување на трендот на позитивни политики насочени кон развојот на воздушниот сообраќај во земјата.