Македонија Хисни Шаќири: Власта организира полициски акции за да ги покрие аферите

Хисни Шаќири: Власта организира полициски акции за да ги покрие аферите

Поранешниот пратеник Хисни Шаќири вели дека денешната акција на МВР, поврзана со помагачите на терористите од Диво Насеље, не им оди во прилог на меѓуетничките односи.

– Власта секогаш, за да ги покрие коруптивните афери, организираниот криминал и слично, организира полициски акции. Само, не ми е јасно, зошто секогаш жртви се Албанците. Треба да сме свесни да не паднеме на провокации и да не станеме жртви на неуспесите на оваа влада. Албанците не треба да бидат жртви на монтираните процеси, Албанците сакаат само мир и безбедност во Македонија – вели Шаќири.