Македонија Хелсиншки комитет: Изборот на Чавков е неуставен

Хелсиншки комитет: Изборот на Чавков е неуставен

Изборот на Митко Чавков за министер за внатрешни работи е неуставен, се посочува во извештајот за работата за април и за мај од Хелсиншки комитет.

„На 12 мај 2015 година, претседателот на Владата на РМ, до Собранието достави допис во кој извести за оставките на министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски. Во дописот беше содржан и предлог за избор на нов министер за внатрешни работи, а лицето предложено за функцијата беше Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност при МВР. Според кратката биографија на Чавков, тој во периодот април 2012 година до мај 2013 година работел на работното место началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР. Орган на државната управа во областа на полицијата е МВР, а раководното лице е министерот за внатрешни работи. Според тоа, за да биде избран за министер, Чавков морал да биде цивилно лице најрано од април 2012 година. Имајќи предвид дека сè до мај 2013 година тој бил полициски началник, произлегува дека Чавков не го исполнува условот предвиден во член 97 од Уставот на РМ“, стои во соопштението на Хелсиншки комитет.