Македонија Хашим Тачи утре во посета на Македонија

Хашим Тачи утре во посета на Македонија

Утре, во едноднева посета на Македонија, ќе престојува заменик-претседателот на Владата на Република Косово и министер за надворешни работи, Хашим Тачи.

За време на средбата, министрите Попоски и Тачи ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, како и за можностите за нејзино натамошно унапредување и интензивирање во областите од заемен интерес за двете соседни земји.