Свет Хаос на улиците на Балтимор

Хаос на улиците на Балтимор

Во Балтимор полицијата со солзавец растерала околу 200 демонстранти, кои протестирале на улиците за време на полицискиот час. Градските власти воведоа полициски час од 22 до 5 часот поради судир на полицијата и на демонстрантите по смртта на 25-годишниот Афроамериканец.

Гувернерот на Мериленд изјавил дека на улиците на Балтимор се распоредени 2.000 припадници на гардата и 1.000 полицајци.

Протестите во Балтимор не се смируваат од смртта на Фреди Греј, на 19 април.