Економија „Хајтек“ е прва македонска компанија што влегува во Бунарџик

„Хајтек“ е прва македонска компанија што влегува во Бунарџик

„Хајтек“ е прва домашна компанија што ќе отвори фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Инвестицијата ќе изнесува повеќе од 20 милиони евра, а ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица.

Производствениот погон од 4.000 квадратни метри ќе почне да се гради на почетокот од март следната година, а ќе биде функционален на крајот од третиот квартал од годината.

Производите на „Хајтек“ наоѓаат широка примена во воената, авионската, автомобилската индустрија, во медицината, а клиенти на компанијата се големи глобални компании како „Континентал“, „Бош“, „Сименс“, „Филипс“ и други.