fbpx

Заев: Има пад на извозот од технолошко-индустриските зони, но сите работници се задржани

-

Речиси сите работници во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 (Бунарџик) ги задржаа своите работни места и придонесуваат во одржување на стабилност на македонската економија, изјави премиерот Зоран Заев кој заедно со директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, извршија увид во работите на асфалтирање на булевар и улици во зоната.

Тој додаде дека извозот од зоните на годишно ниво до минатата 2019 година изнесуваше близу 2,8 милијарди евра, што е скоро 40 процентно зголемување во однос на 2017 година.

Премиерот додаде дека во услови на пандемија, согласно податоците до септември годинава, забележан е очекуван пад, но и покрај тоа позитивно е тоа што бројот на вработени останува константен. Во зоните низ државата, вкупно 13.480 вработени активно работат на зголемување на продуктивноста и извозот.

„Како држава продолжуваме максимално и посветено да ги реализираме потребните инфраструктурни проекти, да градиме стабилни економски политики, за понатаму компаниите да можат да го модернизираат производството, да ги зголемат капацитетите и да ги подигнат стандардите за забрзување на технолошкиот напредок, “, потенцираше Заев.

Согласно годишната програма во ТИРЗ Скопје 2, во фаза е изградба на комплетната инфраструктура – сообраќајници, водовод, атмосферска и фекална канализација, гасовод, и улично осветлување по булеварот, како и улиците 1, 3 и 9. Станува збор за комплетна инфраструктура околу новите инвестиции во ТИРЗ Скопје 2, чии капацитети се во тек на изградба. Инвестиционата вредност изнесува 107 милиони денари.

Директорот на ТИРЗ, Младеновски дека се комплетира зоната два, по што следна ќе следи и зоната три, активно се работи и во ТИРЗ Прилеп, во ТИРЗ Штип, каде во фаза на изготвување е проектна документација за поврзување на булеварот во ТИРЗ Штип со изградената клучка на експресниот пат Штип-Кочани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...