Македонија Група од 36 деца на бесплатно зимување на Пелистер

Група од 36 деца на бесплатно зимување на Пелистер

На шестдневен одмор во одморалиштето „Пелистер“ во Битола, денеска замина група од 36 деца од општина Гевгелија, од семејства со социјален ризик, корисници на посебен додаток и други права.

Тие се дел од проектот на Министерството за труд и социјална политика за бесплатен одмор и рекреација, што се спроведува од 3 до 19 јануари.

За време на престојот во одморалиштето на Пелистер, гевгелиската група деца од ранливите категории ќе биде придружувана од двајца волонтери на Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија.