Економија Груевски: За изградба на локалните патишта, ќе се инвестираат 7,2 милиони евра

Груевски: За изградба на локалните патишта, ќе се инвестираат 7,2 милиони евра

За изградба на локални патишта за оваа година, Владата ќе издвои 7, 2 милиони евра.

Ова денеска го соопшти премиерот Никола Груевски, при посетата на општина Сопиште. Како што информираше, досега се инвестирани 57 милиони евра во изградба на локални патишта, со кои се изградени 350 локални патишта во должина од околу 692 километри.

– Само за годинава предвидени се 46 локални патишта, од кои 24 се веќе завршени, а на 20 во тек е градба, додека два треба сега да се градат и до крајот на годината да бидат завршени – рече премиерот Груевски.