Македонија Груевски во посета на Охрид

Груевски во посета на Охрид

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ја посети Општина Охрид, каде ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на затворен базен во спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“.

Подоцна Груевски ќе го посети Институтот за филм – Филмска академија Охрид и ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираната улица Ристо Чадо со изградена фекална канализација и тротоари во населба Видовиште, а ќе оствари и средба со жителите на населбата.

Напладне вадината делегација ќе оствари средба со жителите на село Лескоец и на село Велгошти.

Груевски ќе изврши и увид во градежните активности за изградба на автопатот Кичево – Охрид.