Македонија Груевски во посета на настраданите во Новаци

Груевски во посета на настраданите во Новаци

Премиерот Никола Груевски ги посети поплавените подрачја во општина Новаци и оствари средби со граѓаните. Во текот на денешниот ден, премиерот ќе ги посети и поплавените места во Могила.

Груевски одржа состанок со локалниот кризен штаб во Општина Новаци, на кој присуствуваа градоначалниците на општина Битола, Владимир Талески, на општина Новаци, Лазар Котевски, и на општина Могила, Стево Пивковски.