Македонија Груевски во посета на Израел

Груевски во посета на Израел

Премиерот Никола Груевски денеска престојува во посета на Израел.

Во владината делегација што ја предводи македонскиот премиер, се и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф.

Во рамките на посетата, премиерот Никола Груевски ќе се сретне со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Премиерот Груевски и владината делегација, во Ерусалим, ќе присуствуваат и ќе се обратат и на бизнис-форум на кој ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

За воспоставување соработка на полето на јавното здравство, премиерот Груевски ќе оствари посета на реномираниот медицински центар „Хадаса“.