Македонија Груевски: Народот е силата што ја создава државата и знае да носи...

Груевски: Народот е силата што ја создава државата и знае да носи мудри одлуки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обраќањето на традиционалната Илинденска средба што се одржа во потпелистерското село Трново порача дека победата, слободата, напредокот, развојот и успехот е финалната цел на неговата партија, а до неа, апоред него, се доаѓа со почитување и со спроведување на основните вредности, со стратегија и со тактика, но и со оператива и со многу труд и работа.

– Лесно е да седиш отстрана и да набљудуваш, уште полесно е да критикуваш и да бидеш деструктивен, да плукаш по сè што се прави, се создава и се гради, само да зборуваш, а ништо да не правиш, и тоа го знае мнозинството од овој народ. Јас знам дека местото на политичарот е помеѓу народот – посочи Груевски.

Тој пред насобраните на сенародниот собир во Трново, вети уште поинтензивна работа, програми и стратегии од интерес на граѓаните.

– Јас на овој празник ветувам дека додека ме држи последниот атом од силата, ќе работам за да остварам што поголем број ветувања што сум ги дал, ќе решиме што поголем број проблеми, ќе направиме што поголем број проекти и дела, успеси за Македонија, за секој нејзин поединец, за народот. Народот е силата што ја создава државата и кој ја брани и ја развива таа држава – рече Груевски, додавајќи дека народот знае да цени и да носи мудри одлуки.