Македонија Груевски најави отворање на нов државен универзитет „Мајка Тереза“

Груевски најави отворање на нов државен универзитет „Мајка Тереза“

Премиерот Никола Груевски денеска најави отворање на нов државен универзитет „Мајка Тереза“, кој ќе работи на три јазици – македонски, албански и англиски.

Универзитетот кој е предвидено да почне со работа од следната академска година, ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и за втор циклус на студии.

Министерството за образование треба да објави тендер за објектот на новиот универзитет, кој ќе биде лоциран во поранешната касарна Илинден.

Универзитетот ќе има пет единици, факултет за градежништво и за архитектура, факултет за технички и за технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки.