Македонија Груевски: На Заев не треба да му се верува, тој се демантира...

Груевски: На Заев не треба да му се верува, тој се демантира самиот

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека на Заев не треба многу да му се верува затоа што „човекот себеси се коментира и се демантира“.

– Тој пред некој месец говореше дека тие не се познаваат за подоцна да каже дека се познаваат, ама не така добро, за на крај да каже дека, сепак, добро се познаваат. Потоа излезе едно писмо за кое се молчеше, за подоцна Заев самиот да ја потврди веродостојноста на тоа писмо и дека тој му го напишал на оној, со кого, нели, не се познавале претходно. Излегоа и пораки од мобилните телефони, шифрирани, за вчера да ги потврди дека се точни. На крајот, излезе дека на човекот за којшто тврдеше дека не се познаваат, му купил компјутер и се спремал да му купи автомобил. Чудно малку, нели, затоа што се одважил да направи нешто против Владата. Има многу луѓе што се одважиле да направат нешто против Владата, но не сум чул Заев на сите да им купувал автомобили и компјутери – рече Груевски.