Македонија Груевски на Самит на ЕПП во Брисел

Груевски на Самит на ЕПП во Брисел

Премиерот Никола Груевски пристигна во Брисел, каде денеска ќе учествува на редовниот Самит на Европската народна партија (ЕПП), на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

Самитот на ЕПП се одржува во пресрет на Самитот на Европскиот совет, кој, исто така, почнува попладнево во Брисел.