Македонија Груевски им го честита Водици на православните верници

Груевски им го честита Водици на православните верници

Лидерот на владејачката партија и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска по повод големиот христијански празник Богојавление Водици упати честитка до Македонската православна црка и до православните верници.

„Славењето на Христовото крштевање како една од повеќето свети тајни на христијанството е еден од најзначајните настани за духовното раѓање и за опстојбата на човековото живеење во верата. Богојавление е настан кој просветлува и помага да ја сфатиме постојаната грижа на Бога за човекот. Со осветувањето на водите и со објавата на божјиот лик помеѓу луѓето, се осветли и човековиот живот. Бог ни го покажа патот на покајанието и на прочистувањето, патот до почист и успокоен живот. Да го следиме тој пат и со радост да го прославиме големиот празник. Поминатото зад нас и времето пред нас е преполно со предизвици, за чие надминување е потребна мудрост, единство, знаење и посветеност, вредности кои нашите граѓани ги поседуваат и ги споделуваат, и тоа нè охрабрува, нè прави сите нас посилни во остварувањето на зададените цели“, стои во честитката на Груевски.