Македонија Груевски: Гумените куршуми се европска практика

Груевски: Гумените куршуми се европска практика

Македонската полиција ќе употребува гумени куршуми против насилни демонстранти по теркот на европските колеги. Премиерот Никола Груевски уверува дека измените, кои на полицијата и законски ќе ѝ дозволат повеќе оружја во справување со поголеми нарушувања на јавен ред и мир, се усогласени со ЕУ, пренесе „Алсат-М“.

– За детали во врска со тој закон, јас ве упатувам во Министерството за внатрешни работи. Но, она што можам да го потврдам е дека сè што се предвидува со законот е усогласено со практиките во Европска Унија. Ништо не е надвор од соодветните практики и закони во Европска Унија – рече Груевски.