Македонија Груевски: Граѓаните одлучуваат кој ќе биде во влада

Груевски: Граѓаните одлучуваат кој ќе биде во влада

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде во влада, а не лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Тој потегот на СДСМ со таканаречените „бомби“ го искоментира како обид да се убеди народот дека во пустина има планина.

– Тоа е исто како да се наоѓаме во пустина, а Заев сака да ни претстави дека има планина и во тоа да ги убеди граѓаните. Се обидува да создаде лажна слика дека граѓаните гласале со притисоци и под закани – рече Груевски, додавајќи дека граѓаните знаат за кого гласале и немало никаква принуда.

– Слушам дека Зоран Заев бара некаква преодна влада и сакам да порачам дека за тоа одлучуваат македонските граѓани, а не Заев. Тоа се покажа и на последните избори. Заев со креирани матерјали и со лажни бомби ја манипулира јавноста – додаде премиерот.