Македонија Груевски: Договор за специјалниот обвинител што поскоро е наш интерес

Груевски: Договор за специјалниот обвинител што поскоро е наш интерес

„Да се заврши договарањето околу специјалниот обвинител што поскоро е наш интерес. Да се тргне таа магла што СДСМ ја фрла дека вака или онака ќе било. А тоа го прават за да го охрабрат нивното демотивирано членство, кое и со право е демотивирано“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

За решението на судот да ги отфрли прислушуваните материјали како доказ во врска со кривичните пријави поднесени од СДСМ до Основното јавно обвинителство, Груевски рече дека не би ги коментирал одлуките на судот.