Македонија Груевски денеска во посета на гевгелискиот регион

Груевски денеска во посета на гевгелискиот регион

Премиерот Никола Груевски денеска ќе оствари посета на гевгелиско-­демиркапискиот регион.

За време на посетата ќе изврши увид во градежните активности на автопатската делница Демир Капија – Смоквица и на изградбата на спортската сала во село Миравци.

Тој ќе присуствува на пуштање во употреба на фабрика за текстил „Дока текстил“ во село Миравци и ќе го посети реконструираниот објект на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.