Македонија Груевски денеска давал исказ за акцијата „Пуч“

Груевски денеска давал исказ за акцијата „Пуч“

Премиерот Никола Груевски денеска бил повикан во Јавното обвинителство за организиран криминал за да даде исказ како оштетен во аферата „Пуч“, јавува телевизијата „Алфа“.

Во четврток пред обвинителот за организиран криминал исказ треба да даде Зоран Заев, кој е осомничен дека со компромитирачки материјали, што ги добивал од Верушевски, го уценувал премиерот Груевски.

МВР кривично го гони Заев за насилство врз претставници на највисоките државни органи.