Економија Груевски денеска отвори фабрика во Кочани

Груевски денеска отвори фабрика во Кочани

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на фабрика на холандската компанија „Антхура интернационал БВ“, во Кочани.

Оваа компанија треба да инвестира повеќе од шест милиони евра и планирано е да се вработат 300 лица од кочанскиот регион. Станува збор за фабрика која ќе произведува орхидеи и украсни цвеќиња со најсовремена технологија, кои треба да бидат пласирани на странските пазари.

„Антхура МК“ почна да ја гради фабриката во декември пред две години, а од годинава произведува пробно и има 150 вработени лица.