Македонија Граѓаните по електронски пат ќе проверуваат стаж

Граѓаните по електронски пат ќе проверуваат стаж

Граѓаните од денеска, по електронски пат ќе можат да си го проверат стажот. За да имаат пристап до податоците, претходно во Фондот треба да подигнат корисничко име и лозинка.

За ова денеска информираше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Проектот, како што истакна тој, е во во насока на поголема информираност на граѓаните за состојбата со нивниот пензиски стаж, со што ќе имаат можност навремено да реагираат доколку тој не им е впишан за одреден период за кој работеле, пред 2009 година од кога почна интегрираната наплата на придонесите.

Директорот на Фондот за ПИОМ, Амет Даути, информираше дека ќе продолжи да функционира и стариот начин за информирање за стажот на шалтерите на Фондот на ПИОМ и во подрачните единици.