Економија Граѓаните должат повеќе од една милијарда евра на картички и за кредити

Граѓаните должат повеќе од една милијарда евра на картички и за кредити

Граѓаните должат вкупно 1,11 милијарди евра за потрошувачки кредити и за кредитни картички , покажуваат податоците на Народна банка за декември 2015 година.

Во однос на ноември, најголемо зголемување има кај потрошувачките и кај станбените кредити.

Народната банка донесе мерки со кои од оваа година банките ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта, како што неодамна истакна гувернерот Димитар Богов, е банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити.