Македонија Град Скопје од утре го прекинува бесплатниот превоз

Град Скопје од утре го прекинува бесплатниот превоз

Од утре се укинува мерката бесплатен превоз за сите граѓани затоа што загадувањето е под нормалната граница, соопштија денеска од Град Скопје.

„Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на честичките ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината. Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и за бремените жени“, соопштија од Град Скопје.

Од градската администрација информираат дека ќе продолжат со интензивната контрола на градилиштата, со миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и со интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност.