Македонија Град Скопје најави инфраструктурни проекти за 2015 година

Град Скопје најави инфраструктурни проекти за 2015 година

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција се осврна на проектите што Градот Скопје ги реализира во годинава што изминува, а ги најави и градските проекти што се планираат за наредната 2015 година.

– Годинава што полека ја оставаме зад нас, за Градот Скопје беше успешна. Завршивме значајни инфраструктурни проекти и решивме долгогодишни проблеми на граѓаните. Скопје во 2014 година наликуваше на големо градилиште. Се пробиваа и прошируваа улици, се градеа нови објекти и плоштади, се подобруваше водоводната и канализациската мрежа, се реновираа училишта, се подобруваше јавната хигиена, се засадуваа дрвја, се организираа културни и спортски манифестации – рече градоначалникот Трајановски.

Трајановски додаде дека во Градот Скопје во моментов интензивно се работи на подготовка на многубројни проекти за наредната 2015 година, а акцент ќе биде ставен на големите инфраструктурни зафати.