Македонија Град Скопје ја активираше зимската служба

Град Скопје ја активираше зимската служба

Зимската служба на Град Скопје е на терен и ќе интервенира по потреба за расчистување на снегот и за фрлање сол на булеварите и на собирните улици кои се во негова надлежност, информираат од Градот.

– За претстојната зима на располагање имаме 2.300 тони индустриска сол како резерва од лани, како и дополнителни 1.500 тони набавени од компанијата „КИЕМ“. Зимската служба има на располагање 30 возила од ЈП „Улици и патишта“, како и возила што дополнително се ангажирани од приватна фирма. Екипите на зимската служба ќе бидат активни и ќе дежураат во текот на 24 часа, на две локации, во пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и во пунктот во Бутел – соопштуваат од Градот.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да се прилагодат на условите на теренот.