Дописници Гостиварци не знаат каков воздух дишат

Гостиварци не знаат каков воздух дишат

Во Гостивар сè уште нема поставено мерна станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. По неколкуте реакции на граѓаните и на здруженијата дека чуствуваат непријатна миризба и пецкање на очите од аерозагадувањето, кое, според нив, е присутно во градот, гостиварската локална самоуправа има поднесено барање до Министерството за животна средина за поставување мерен инструмент во нивниот град, но одговор сè уште нема добиено.

Министерот за животна средина, Нурхан Изаири, при посетата на Општина Тетово, не даде конкретен одговор дали ќе се постави станица во Гостивар за мерење на аерозагадувањето. Само кусо истакна дека секоја општина има законска обврска да изработи план за подобрување на квалитетот на воздухот.

Во Македонија има 17 станици што го следат загадувањето на воздухот. Во западниот дел ги има во Тетово, Кичево и во Лазарополе.