Хроника Гостиварецот сместен на трауматологија

Гостиварецот сместен на трауматологија

Гостиварецот, кој утрово со автомобил влета во излог од продавница во зградата „Тифани“ во центарот на Скопје, по извршените испитувања е хоспитализиран на Клиниката за трауматологија и е надвор од животна опасност, изјавија за „Мета“ од Ургентиот центар.

– Пациентот е сместен на Клиниката за трауматологија. Кај него се констатирани сериозни повреди, односно скршеници на рака и на нога, но по направените испитувања и дијагностички анализи, констатираме дека неговиот живот не е загрозен – велат од Ургентниот центар.