Хроника Го врзале чуварот со леплива лента и го ограбиле

Го врзале чуварот со леплива лента и го ограбиле

Вчера во Штип, на улицата Железничка, околу 15 минути по полноќ, неколку маскирани лица извршиле разбојништво врз С.М. (54), вработен како чувар. Тие ја прескокнале оградата, влегле во стражарската куќичка и со леплива лента му ги врзале рацете, нозете и му ја залепиле устата, по што излегле надвор и од магацински простор одзеле неколку вреќи полни со бакар и цевки од фрижидери.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.