Хроника Го повикале од дома за да го истепаат

Го повикале од дома за да го истепаат

Синоќа, околу 19.30 часот, К.Д. (21) од Скопје, пријавил во полиција дека истиот ден околу 18.40 часот телефонски му се јавило лице со кого се знаел од претходно и му рекол да излезе на улица за да разговаат во врска со кражба на стиропор. Лицето што го контактирало оштетениот телефонски, пристигнал со возило „ауди -А3“, во кое имало уште три непознати лица. Откако К.Д. им рекол дека во врска со кражбата на стиропор не знае ништо, едно лице излегло од возилото и без повод и причина му удрил шлаканица и тупаница, а потоа насилно го внеле во возилото каде физички го малтретирале и го оставиле во населбата Кисела Јабука.

По преземени мерки, повикани се четири лица на разговор, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.