Подглавна секција Германската влада планира да престане да рекламира нездрава храна за помлади од...

Германската влада планира да престане да рекламира нездрава храна за помлади од 14 години

Германската влада усвои стратегија за поздрава исхрана, пренесува новинската агенција ДПА

Фото: Sara Dubler on Unsplash

Помалку шеќер, масти и сол во храната, особено за децата, а повеќе органска и храна од регионот, предвидува Стратегијата за исхрана што вчера ја усвои германската влада, пренесува новинската агенција ДПА.

„Сакам секој да го добие вистинскиот избор на добра храна“, рече министерот за храна и земјоделство Џем Оздемир.

Вкусната, здрава и одржлива храна не смее да зависи од парите или кој од какво семејство доаѓа, додаде министерот. Истовремено, секој сам треба да одлучи како ќе се храни, тука нема дикат.

Стратегијата наречена „Добра храна за Германија“ препорачува повеќе јадења од растително потекло, со помалку месо. Исто така, планирано е помалку храна да завршува на депониите.

Владата планира да престане да рекламира нездрава храна за помлади од 14 години. Таа иницијатива тапка во место со месеци, иако владејачките партии ја договорија со коалицискиот договор од 2021 година.