Свет Европа „Газпром“ бара гаранции од „Нафтогаз“ за испорака на гасот

„Газпром“ бара гаранции од „Нафтогаз“ за испорака на гасот

Рускиот производител на гас „Газпром“ соопшти дека од украинската компанија „Нафтогаз“ побарале да им се обезбедат гаранции за количеството на гасот што имаат намера да го купат до крајот на март, пренесува „Ројтерс“.

– Имајќи ја предвид тешката финансиска состојба на „Нафтогаз“, не треба да се очекуваат авансни уплати и обновување на договорот за руската испорака на гас пред крајот на годината – се наведува во соопштението, во кое е пренесена изјавата на извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

Во соопштението се наведува и дека рускиот „Газпром“ и украинскиот „Нафтогаз“ сакаат пред крајот на овој месец да ги одредат условите за купување гас за првиот квартал на 2016 година, а според зборовите на Милер, „Нафтогаз“ планира да побара попуст од „Газпром“.