Свет Европа ФСБ уапсила екстремисти кои подготвувале напади во Москва

ФСБ уапсила екстремисти кои подготвувале напади во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсила четири лица за кои се сомнева дека во Москва планирале напади на административни згради и на полицијата за време на претстојниот празник.

ФСБ наведува дека се уапсени припадници на „Артпадгатовска“ (Арилериска подготовка) кои, според сомневањата, за време на викендот, во текот на празникот Ден на народното единство, планирале да фрлат запаливи бомби на административните згради и да извршат напад на полицијата за да предизвикаат масовен бунт.

Групата ја основал опозицискиот активист Вјачеслав Маљчев, кој се кандидираше на минатогодишните избори.

ФСБ, заедно со припадниците на руското МВР, го пресекле дејствувањето на групата во уште пет града.
Судот од Краснојавск, на 26 октомври ја прогласи групата за екстремистичка.

Маљцев летово ја напушти Русија, а против него е поднесено обвинение за екстремизам.