Економија Француски тур-оператори во посета на Македонија

Француски тур-оператори во посета на Македонија

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот организираше информативно патување за тур-оператори и за новинари од Франција, за промоција на Македонија како туристичка дестинација.

Тур-операторите од Франција одржале средби лице в лице со претставници од туристичкиот сектор и со хотелиери во Охрид.

– Тур-операторите од Франција изразија задоволство од успешните средби со бизнис-секторот и беа задоволни од организацијата на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот. Потенцијал за соработка има, разменија контакти со сите претставници од туристичкиот сектор од Македонија и ќе останат во понатамошна комуникација со нив. Интересот на тур-операторите е проширување на нивната дејност и на македонскиот пазар, привлекување на поголем број потенцијални туристи од Франција – пишува на веб-страницата на Агенцијата.