Македонија Француски лаборатории ја потврдија листеријата во Македонија

Француски лаборатории ја потврдија листеријата во Македонија

Сечканиот вакумиран свински врат на „Екстра меин“ е причина за десет заболени од листерија, од кои пет починаа, потврдија двете француски референтни лаборатории, препорачани од СЗО, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Резултатите ќе бидат доставени и до Јавното обвинителство за понатамошна постапка, со оглед на тоа што министерот за здравство, Никола Тодоров, претходно поднесе кривична пријава за непознат сторител.