Македонија Формирана натпартиска коалиција – Партнерства за демократска Македонија

Формирана натпартиска коалиција – Партнерства за демократска Македонија

„Денеска сакаме да објавиме повелба за граѓаните за Македонија. Тоа е документ кој од денеска го нудиме јавно на увид на сите оние што се заинтересирани, на сите граѓанки и граѓани, на сите политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, групи, експерти, поединци, религиозни и етнички здруженија – изјави Стево Пендаровски, носител на столбот Партнерства за демократска Македонија.

– Буквално до секој човек то живее во оваа наша земја, ако сака, ако смета дека е сега моментот да се приклучи, да го направи тоа затоа што нашата цел со овој документ е да дадеме поддршка на концептот на граѓанска Македонија и да се обединиме во натпартиска коалиција, општонародна натпартиска коалиција, која ќе ги испорача своите барања на 17 мај, кога е закажан големиот општонароден протест пред Владата на Република Македонија.
Оние што сакаат да го направат тоа, можат да го направат и со потпишување на тој документ. Оние кои сакаат на поинаков начин, во поинаква форма да го сторат тоа, да дадат поддршка на оваа иницијатива, можат да го направат тоа – изјави Пендаровски.