Македонија Фиона Мекилвам денеска и утре во посета на Македонија

Фиона Мекилвам денеска и утре во посета на Македонија

Фиона Мекилвам, директор за Западен Балкан и за проширување во британското министерство за надворешни работи и Комонвелт, ќе престојува во посета на Македонија денеска и утре, соопштија од британската амбасада.

За време на нејзиниот престој, Мекилвам ќе се сретне со претставници на владејачките и на опозициските партии, аналитичари и со граѓанскиот сектор.

Посетата е во рамки на редовната билатерална соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.