Технологија Гаџети Фински научници направиле пребарувач подобар и од „Гугл“

Фински научници направиле пребарувач подобар и од „Гугл“

Научници од Финска тврдат дека измислиле интернет-пребарувач кој ќе ги надмине сите актуелни и им овозможува на корисниците многу поефикасно да сурфаат.

„Сајнет“ (SciNet), развиен од страна на научниците во Хелсинки, е дизајниран за комплексни пребарувања, како, на пример, кога корисниците не се сигурни како да ги постават своите прашања за пребарување.

Во моментов овој пребарувач може да се користи и за пребарување научни трудови, но научниците одлучија да ја комерцијализираат оваа технологија.

Пребарувачот работи на принципот на визуализирање на клучните зборови и прикажување на корисникот „радар“ со темите кои се поврзани со пребарувањето. Истовремено, нуди и алтернативни пребарувања, на кои корисникот можеби не се сетил.