Свет Европа Финска очекува 50.000 бегалци

Финска очекува 50.000 бегалци

Финската влада денеска процени дека во земјата годинава ќе пристигнат 50.000 бегалци, што е за 20.000 повеќе од последните прогнози по големиот прилив на мигранти во септември.

Минатата година, во Финска, која има 5,5 милиони жители, поднесени се 3.600 барања за азил.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека новата прогноза е пропорционално слична на бројките во Германија и во Шведска.

Во последните неколку недели илјадници бегалци, повеќето од Ирак, пристигнале во земјата преку Шведска. Северната граница на Финска ја минале во местото Торнио, во близина на арктичкиот круг.